Петар Печков
Објавено: понеделник, 11 ноември 2019
Сообраќајна контрола е спроведена во неделата, во период од шест часа. Се контролирало дали се врши правилно престигнување во велешките улици.
Во периодот од 10 – 16 часот на 10-ти ноември на територијата на СВР Велес била спроведена акциска контрола на возачи кои вршат неправилно престигнување. Притоа, биле забележани девет прекршоци од кои четири во Велес и пет во Кавадарци- инфомираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. За сите прекршоци изречени биле соодветни казни.
Идентична сообраќајна контрола имала и во други македонски градови. При тоа во Скопје се исто така откриени четири лица кои неправилно престигнувале, во Струмица 10, во Куманово еден, во Тетово 14, Гостивар 22.
Tweet |