речник контакт

Контрола колку мотористите ги почитуваат сообраќајните правила и прописи

Граѓаните реагираат време е да се контролира и бучавата од моторите

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден на територијата на градот Велес била спроведена акциска контрола, колку лицата кои управуваат мотоцикли, го почитуваат сообраќајните правила и прописи. МВР информираше дека констатирани се седум неправилности од исто толку  возачи кои  управувале мотоцикл. При тоа повеќето управувале мотоцикл  без да поседуваат возачка дозвола, односно потврда за положен возачки испит како и за не носење заштитна шлем.

Ваква акциска контрола, вчера била реализирана и во неколку града во Македонија, при што  во Куманово  имало девет прекршоци а во  9, Тетово  5.Вкупно на територијата на Македонија биле констатирани 30 прекршока.  

„Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“ - соопштија од МВР.

Од друга страна граѓаните пак посочуваат дека мотористите годинава, поради пријатните временски услови,  уште рано започнаа со предизвикување на прекумерна бучава од страна на нивните мотори и дека е потребно полицијата да  започне акција за контрола на бучавата, како што тоа го стори лани. 

фото МВР

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »