Петар Печков
Објавено: понеделник, 01 март 2021
Во текот на вчерашниот ден, недела, сообраќајната полиција извршила контола, колку возачите ја почитуваат пропишаната брзина за возење по автопат. Се контролирала делницата Градско -Велес.
На 28-ми февруари во периодот од 8 до 16 часот на автопатот Градско-Велес била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа биле регистрирани единаест прекршоци - соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Тој најави дека возачите кои бозеле пребрзо, ќе бидат санкционирани со соодветни пријави.
Tweet |