Петар Печков
Објавено: четврток, 06 октомври 2011
Од 3-9 октомври во светот се обележува Меѓународната недела на детето. Во овој период Сојузот за грижи и воспитување на децата од Република Македонија на сите првачиња ќе им додели книшки и беџови со кои и официјално ќе добијат членство во Светската детска организација.
Општина Велес овој пат на децета ќе им го честита празникот со концерт на хорот и солистите на „Златното славејче“. Концертот ќе се одржи в петок во 11:00 часот во амфитеатарот во Младинскиот парк.
Tweet |