речник контакт

Концерт на Вероника Караколева

Таа е студент на четврта година, идна оперска певица

Петар Печков

Четврток вечер 4-ти ноември,  велешанката Вероника Караколева ќе одржи концерт во пијано придружба на  Ивона Базгалоска.  На програмата се дела од: Моцарт, Маскањи, Рахмањинов, Лист, Шуберт почетокот е во  20 часот во. Музеј на македонската борба Скопје. Концертот е во организација на Музичката младина на Македонија.

Првиот солистички концерт на Караколева, која е сопран, беше во 2016 година во Велес на само 16 години со едночасовна програма. Вероника Караколева е студент на  четврта година на факултетот на Национална Музикална Академија “Проф. Панчо Владигеров” – Софија, Бугарија, во класата на проф. д-р Мариа Белчева. Нејзиното музичко патување започнува во основното музичко училиште“Стефан Гајдов” во Велес. Продолжува во средно музичко училиште ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, во класата на проф. Светлана Донковска.

Караколева ќе настапи во пијано придружба на  Ивона Базгалоска  која е студент на факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Д-р Нина Костова Јаневска.

Наскоро  следува концерт на Вероника  организиран од страна на Дирекција за култура и уметност – Скопје, за време на Есенски музички свечености 2021 година.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »