Петар Печков
Објавено: понеделник, 31 јануари 2011
Со 36 отсто од гласовите убедливо победи за настан ана годината концертот на групата Соната кој се одржа на 10 јуни, лани во Амфитеатарот на Младинскиот парк пред илјадна публика.
Потоа со 16’ гласови следи чинот на собирање пари кога велешани сами ги собраа средствата за да продолжи судскиот спор Велес против државата. На третото место се најде Питијадата која лани се одржа на нов простор и нов термин со 13 отсто гласови, што ќе рече дека велешани го прифатија новиот концепт на манифестацијата. 11 отсто гласови собра засадувањето ан 7 илјади рози и на тој начин чистењето на велешката почва од тешките метали што за прв пат се случува на Балканот.
9% гласови освои одржувањето на Девис куп натпреварот помеѓу Македонија и Босна и Херцеговина кој се одржа во салата Гемиџии. Обновувањето на Вардарската Регата ,,Гемиџии,, освои 6 отсто гласови додека 5 % гласови припаднаа на децата од градинките во Велес кои го нацртаа најдолгиот цртеж во Македонија. Ова беше вашиот избор почитувани посетители на ТРМР со повеќе од 500 гласа. Можеби имате и друг фаворит, но тоа беше изборот на тие што гласаа.
Патем минатата година најмногу посети имаше веста дека Томче фризерот пропеа со 1050 кликнувања. И натаму најчитани се вестите од црната хроника, додека најмалку вестите поврзани со христијанските празници.
Tweet |