Петар Печков
Објавено: вторник, 22 јуни 2010
На почетокот од јуни година при извршена контрола од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес во место викано Гутин атар на село Степанци- општина Чашка, на лице место затекнати се шест лица- вработени во пријавеното правно лице, како со механизација вршат незаконски ископ на кварцен камен.
На лице место затекнати се и повеќе работни машини со кои се вршел незаконитиот ископ.
Од страна на вешто лице - геометар од Агенцијата за катастaр на недвижности Велес констатирано е дека предметното место на вршење ископ е надвор од одредената концесија на правното лице „К-Комерц Каме“ за што е поднесена и кривичната пријава.
Tweet |