речник контакт

Корисници на ЕВН протестираа заради исклучена струја

Исклучените корисници бараат плаќање на рати а поради инцидент, напад на раководителот, интервенирала и полицијата

Петар Печков

Корисници на ЕВН втор ден протестираа пред нивната зграда во Велес, незадоволни што  им е исклучена струјата поради неплатени сметки. Тие се револтирани од односот на компанијата бидејќи не им дала можност долгот да го платат на рати, како што било претходно. Велат дека се невработени, имаат бројни семејства, кои сега нема да можат да ги одгледуваат.

Дојдоа  како да ја поправаат струјата а излезе дека ја исклучија. Ами јас да имам пари нема ли да ја платам. Но ни работа имам, ни пари. Имаме долгови по два илјади евра. Толку пари да имам зар ќе седам во темница. Не бегаме од обврската да ја плаќаме струјата, но нека ни дадат на рати,  како што им даваа на другите – велат жителите од улицата Маца Овчарова, за која нејзините жители велат дека е со субстандардни услови за живеење.

Објаснуваат дека не можат да ги користат парите, што државата ги дава како помош за социјалните случаи при плаќање на сметките , бидејќи прво требало да платат па потоа од Центарот за социјални грижи назад  добивале по 800 денари.  На протестот ги донесоа и нивните деца, за да можеле од ЕВН да видат кого се оставиле во мрак.

Во гужвата што настанала раководителот на ПЕ на ЕВН во Велес, бил нападнат и со скината кошула, поради што дошла и интервенирала полицијата. Од ЕВН Македонија посочуваат дека нивниот третман кон сите корисници е ист, но дека протестот не бил мирен.

Во повеќе наврати на корисниците им даваме можност  за плаќање на долгови на рати, со и без камата. Во овој момент таква кампања не постои, но се разгледува опција за повторна понуда за плаќање со поволности и на рати. Доколку тоа се случи, ќе важи за сите наши претплатници не само за одредена група.  Протестот  не беше мирен, од  нивна страна, беа навредувани нашите вработени, се фрлаа разни предмети а се злоупотребуваа и децата –влеат од ЕВН Македонија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »