Петар Печков
Објавено: петок, 28 февруари 2020
Стравувањата кои се јавија кај одделени сограѓани, дека ако инфективното одделение од велешка Болница, станe изолационен центар може да влијае врз здравјето на децата ученици од ОУ Блаже Конески, стручните лица енергично ги отфрлаат.
Нема место за паника. Вирусот не може да се пренесе толку далеку воздушно. Вирусот може воздушно да се пренесе само преку блиска комуникација, поблиска од два метри, на болен со останат. Училиштето од инфективното одделение е на сериозна воздушна далечина. Башка има процедура како се спроведуваат сомнителните случаи, до кај нас. Ако некој се посомнева во неговата здравства состојба, се јавува на дежурниот број од епидемиолошка служба, тие праќаат екипа или брза помош која пријавениот го носи до кај нас. Ние вршиме преглед и ако има потреба се земаат брисеви, кои епидемиолошката служба ги носи на анализа. Одговорот се добива за неколку часа, дали е позитивен или негативен. Лицето нема контакт со надворешноста. Тој е со маска заштитен и се носи до пред вратата на посебна амбуланта и нема комуникација со другите пациенти - објасни инфектолог д-р Силвана Мишкова началник на инфективно одделение.
Tweet |