Петар Печков
Објавено: четврток, 13 мај 2021
Охрабрувачка вест денес стигна од Министерството за здравство. Изминатите 24 часа во велешко оздравени се 165 лица, кои билe позитивни на ковид-19 а ново заразени с е четворица. По ова бројката на активни случаи падна на 185 лица, која не беше присутна повеќе од половина година, од пред вториот бран во октомври лани.
„На кислородна поддршка се 26 пациенти, испишани се тројца пациенти како оздравени со по еден негативен тест“ кажа -д-р Елеонора Јованова портпарол на Општа Болница Велес. .
Вкупно хоспитализирани во велешка Болница се 49 пациенти, од кои 37 се потврдени позитивни, тројца сомнителни и девет пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.
На Инфективно одделение згрижени се 26 пациенти, на Интерно шест и во Модуларната болница 17.
Tweet |