Петар Печков
Објавено: петок, 23 септември 2011
Велешани, водени од бројот на патници, побараа нови возови на релацијата Велес Скопје и обратно, токму сега кога се подготвува новиот возен ред, кој ќе стартува во средината на декември.
Од Транспорт велат дека за ова ќе треба да се вклучи и локалната самоуправа на Велес, која има право на ова, но затоа ќе треба да учествува и финансиски во одржувањето на линијата.
Велешани побараа и нови постојки за одделни делови на градот, Долни Дуќани, Тунел и кај Железен мост. Велат кога може некои приградски скопски села со по тројца патници да добијат, зошто не и населбите од градот.
За Инфраструктура овие барања се неприфатливи од технички аспект, оти немало простор за нивно застанување, трите посочени локации.
Од Велес секојдневно во Скопје на работа, на училиште и факултет патуваат околу три илјади лица. Најголем дел до нив со воз, бидејќи цената на месечниот билет е 1,5 илјади денари, додека со автобус таа чини 4 до 5 илјади денари, во зависност од превозникот.
Последен пат цената на билетот е покачена во далечната 1995-та година, иако во меѓувреме и струјата и нафтата неколку пати ги зголемија нивните цени.
Tweet |