речник контакт

Костадин Петров спортист на Велес за 2011

Kако изгледа листата на најдобрите во екипна и поединечна конкуренција

Петар Печков

Велоспидеистот Костадин Петров е спортист на Велес за 2011 година. Тој е освојувач на Купот на Македонија, стандарден репрезентативец, учесник на тренинг центар за велосипедисти во Швајцарија, учесник на Светското првенство во Данска. Втор е атлетичарот Ристе Ајдаров член на АК Изгрев. Тој 100 метри трча за 10,82 а 200 за 21,90 и е државен првак на најкратките патеки.  Учесник на ЕП во Исланд и на СП во Чешка за млади до 23 години. Македонски кандидат за учесник на Олимпијадата во Лондон, летово. Трет беше  кајакарот Игор Стефановски.

Натаму на листата од десет спортисти се најдоа:  ракометарот Ивица Илиев, кошаркарот Трајче Караџов, мотоциклистот Валентин Тошев, одбојкарката Сандра Ноневска, фудбалерката Ангела Гинова,  мотористот Виктор Ефремов и ракометарката Биљана Арсовска.

 Во екипна конкуренција за најдбри беа прогласени одбојкарките на Борец кои ланското првенство и есенскиот дел од него го завршија како втори. Вторпласирана е екипата на мото-клубот Велес. Третото место е за одбојкарите на Борец кои лани беа втори во првенството и финалисти од Купот .

За тренер на годината е прогласен Васко Василев од женскиот ракометен клуб Леов Бартек. За арбитар е награден Боби Величковски фудбалски судија кој е на А листата на ФСМ.

Признанија на 52-та свеченост за Спортист на Велес добија и Ангел Мицевски Скакар за 50 години учество во боречкиот спорт и Зоран Тодроов постхумно, кој целиот негов живот го посвети на кошарката и спротот. 

 Организатор беше Сојузот на спортови на Велес.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »