Петар Печков
Објавено: среда, 26 септември 2018
На денешната прес конференција градоначалникот ан Велес порача дека поради децата аи внуците потребно е да се излезе на гласање за референдумот на 30-ти септември, бидејќи тие заслужуваат подобра иднина.
Децата се нашето најголемо богатство. Нив мора да им обезбедиме подобар живот, подобра сегашност и иднина. Тие сакаат да растат во безбедна, стабилна и сигурна држава.
За децата мора да се обезбеди да растат и да се развиваат во услови на здрава животна средина. Ние имаме обврска и одговорност за нив. Кој ако не ние!
Затоа сите да излеземе масовно и да помогнеме за Македонија да тргне напред, за да обезбедиме сигурна иднина и просперитет за нашите деца.
Иднината на вашите деца и внуци е во ваши раце и во вашиот глас.
Затоа излезете масовно на вашите избирачки места и со чиста совест и здрав разум изразете го вашиот став на референдумот - порача Коцевски
Tweet |