речник контакт

Коцевски -годинава Општина Велес со највисока сума потрошени средства за градежно уредување

Преку програмата за уредување на градежно земјиште досега се исплатени 103,7 милиони денари

Петар Печков

Општина Велес годинава, иако уште не завршена, има рекордно високи средства за уредување на градежно земјиште. ова го кажа градоначалникот на Општина Велес , Аце Коцевски на денешната прес конференција. 

До 19-ти декември, преку програмата за уредување на градежно земјиште се исплатени 103,7 милиони денари. Тоа е повеќе од лани кога сме исплатиле 94 милиони, во 2017а-та  69 милиони,  во 2016-та 77 милиони денари. Сите критики кои се упатуваат кон мене, од партиски мотивирани причини паѓаат во вода, со објавувањето на овие податоци.  Сега повеќе се инвестира во подобрување на квалитетот на живеење, споредено со претходните години. Но нетрпеливоста на граѓаните и нивните големи очекување, кои општината не може да ги реализира оти е сиромашна општина и толкави се финансиските можности  - рече Коцевски.

Како проекти кои се во тек на изведба тој ги посочи: реконструкција на кров на ердното Економско училиште  ,,Јовче Тесличков", изградба на паркинг во Дворови, пред Железен мост,  санација на карпите под Градски Саат,  асфалтирање на  патот кон Бабуна и Пешти, кружен тек на сообраќајот кај ДОЗ,спуштање на рабници на пешачки премини, потпорен ѕид на ул. ,,Богдан Каракостев", бетонирана улица во Отовица со должина од 250 м.,тротоар, пешачка патека и паркинг на Езеро Младост, четири краци од фекална канализација во Горно Оризари, подготовка за асфалтирање на пат за Сливник со должина од 5,3 км. реконструкција на автобуски постојки, изградба и поставување на подземни контејнери за цврст комунален отпад, бетонирање улица во Иванковци, се работи на лифт на лица со посебни потреби во Гимназија и Хемиското училиште.

Велес повеќе нема никакви долгови, исплатени се сите во висина од 2,8 милиони евра, наследени по моето доаѓање, вклучувајќи ги и тие кон ЈКП Дервен.  Општина Велес има само тековни обврски кои се создаваат со градежните работи и работата на ЈКП Дервен - кажа Коцевски. 

Градоначалникот објави дека зедно со Општина Шуто Оризари и Хабитата, добиле грант од У во вредност од 550 илјади евра, кој ќе трае три години. Со него во Велес ќе се реконструираат домови на сограѓаните Роми, ќе се обезбедат две возила за собирање комунален отпад соодветни за недостапни терени, ќе се креираат нови урбанистички планови и ќе се реализираат различни активности за социјална инклузија на граѓаните од ромската заедница.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »