Петар Печков
Објавено: среда, 13 октомври 2021
Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски на истекот на неговиот мандат го презентираше отчетот за сработеното во изминатите четири години. Кажа дека му било чест што 12 и пол години, во три мандати, беше прв човек на општината.
„Драги сограѓани и сограѓанки, во благодарам за довербата, за поддршката, за соработката, за разбирањето, за пофалбите но и за критиките без кои не може да се прават добри дела. На сите Вас кои ми дадовте поддршка за третиот мандат а сметате не сум ги исполнил очекувањата, ви се извинувам. Сакам да ве убедам дека заедно со членовите на Советот и општинската администрација дадовме максимум од можното“- кажа Коцески.
Тој наброи пет причини, заради кои не можело да се сработи ветеното. Наследените долгови во висина од 3,5 милион и евра , три милиони биел незаконски а за кои никој не сносел одговорност, две години од мандатот минале во светската пандемија од ковид, што се одразило на полнењето на општинскиот буџет и доаѓањето на нови инвеститори, заради недоволните средства од централана власт за капитални инвестиции, заради политичките проблеми со Република Грција тешко одела преку граничната соработка па не биле добиени средства од средствата на ЕУ преку проектот ИПА, недоволната финансиска децентрализација што влијаело општините да немаат доволно средства и бидат зависни до централната власт.
„Во ваква ситуација и тешки услови, обезбедени се 8 милиони евра, од надворешни фондови, грантови. За четири години во општина Велес се инвестирани 13,8 милиони евра, од кои една третина се од општинскиот Буџет а две третини од надворешни фондови. Работев чесно, одговорно, домаќински, транспарентно и со голема посветеност. Велес е општина без афери изминатите четири години. По завршување на мандатот се враќам на струката, во мојата семејна фирма. Општина Велс ја оставам без долгови,со обезбедени средства за проекти кои се во милиони евра“ - рече Коцевски
Во општинската администрација биле вработени 83 лица и тројца преку агенција за времени вработувања. Како капитални инвестиции ги напомена -изградба на покриен Градски пазар вреден 86 милиони денари, паметно езеро Младост вреден 66 милиони денари, изградба на локалниот пат Сливник -Бузалково од 35,6 милиони денари, патот до локалитетот Пешти од 15 милиони денари, паркот за лицата со посебни потребни на езеро Младост од 7,5 милиони денари, проширување на улицата Самоборска која води до Болницата. Посебно ги потенцираше езерцето во Градски парк и паркот во комплекс УЗУС, но и паркот кај зградите на Пододекор, кој бил со 50 садници јапонски цреши.
Во четиригодишниот мандат биле инвестирани 69 милиони денари за асфалтирање, бетонирање улици, поплочување тротоари, во должина од 13,7 км. За изградба на водоводна и канализациска мрежа биле инвестирани 44,9 милиони денари. Во период до четири години за проширување на мрежата на јавно осветлување биле вложени 12,2 милиони денари. За реконструкција на училишните објекти и градинки за време на мандатот на Коцевски биле инвестирани 15,7 милиони денари, плус 32 милиони денари за енергетска ефикасност на објектите.
Од сериозните владини инвестиции во Велес, Коцевски ги потенцираше решавањето на проблемот со свлечиштето Цуцка каде биле инвестирани 1,1 милион евра, осветлување на влезот во Велес кај мотел Македонија од 15 милиони денари. Одговарајќи на новинарско прашање колку средства вкупно вложила Владата во општина Велес, Коцевски не кажа точна сума, но потенцира дека без велешанец во Владата, тешко може некој да влече пари за општината и не е задоволен колку Велес добил во споредба со други помали градови.
Градоначалникот Коцевски зборуваше и за ЈКП Дервен, кој бил наследен со долгови од 1,5 милиони евра. Истите биел вратени а наследена лоша механизација, па во прво време се барале возила од други градови за превоз на сметот во Велес. Во овој период од четири години вложени биле 2,2 милиони евра освен во возила и за набавка за опрема во фабриката за вода и постаени првите 11 подземни контејнери во Велес. На опожарените подрачја на езеро Младост биле засадени 32.7 илјади садници, а во градот засадени 1.240 повеќе годишни дрвја поделени 4.330 канти за отпад.
Кажа дека е набавена најсовремена опрема за прикажување на филмови, и преуредување на простор се заедно вредно 4,7 милиони евра. За жал освен со прикажување на еден филм тие до денес не се во функција.
Од проектите биле прифатени и наредната локална власт може да го реализираат Коцевски го потенцираше тој за коректорски систем и пречистителна станица вреден 24 милиони евра, средства од ИПА програмата на ЕУ, како и изградба и реконструкција на улици во Велес во вредност од 1,2 милиони евра. Од партнерот од Грција Општина Велес била информирана дека проектот за кеј на река Вардар вреден 490 илјади евра бил прифатен, но за ова немаат потврда од финансиерот ЕУ. Потоа 1,7 милиони евра останати од блок дотациите се инвестирале во проекти за објектите на училиштата и градинките во Општина Велес.
Веднаш по изборите противпожарната единица ќе добиела ново против пожарно возило, кое било обезбедено, но поради изборниот период не можело да се додели.
Коцевски напомена негови капитални проекти во време на трите мандати градоначалник ce- кеј на реката Вардар, Мало мовче, Младински парк, патот од Чашка до Горно Оризари преку Отиштино, колекторски систем и пречистителна станица за фекални отпадни води во езеро Младост, обнова на фасадите од централно градско подрачје, нова библиотека, Ликовен салон и место за венчавки, обновена куќата на Касапови, купена куќата на Џинот, поставени споменици на Рацин, Панко Брашнар, Гемиџиите, Илинденците, Петре Прличко, нови гробишта и капела во Раштани,
За идниот градончалник Коцевски ги наброи проектите кои ги остава за реализација: идеен проект за нова библиотека во Младински парк, идеен проект за центарот на градот, подземна гаража и градски плоштад пред судотс0 готов основен проект и со дозвола за градба, основен проект за прифаќање на атмосферските води од Вршник инвестиција до еден милион евра, но со кој проект може да се конкурса за добивање средба, има готов основен проект за гасификација и со тоа може веднаш да се гради.
На крајот од неговото едно часовно излагање ги повика граѓаните недела на 17-ти октомври да излезат и гласаат оти „За Велес се работи“.
На новинарско прашање со кој проект ќе биде горд неколку години подоцна,а реализиран во овој четири годишен мандат Коцевски без двоумење кажа
-Паметно езеро Младост - не затоа што било највредно туку затоа што бил најавангарден проект.
Tweet |