речник контакт

Коцевски на Велес му е потребен дом за стари лица

Ќе се грижиме и за лицата кои се изложени на семејно насилство, на децата од улица, на бездомниците и на другите категории на граѓани

Петар Печков

Нашите амбиции се, за многу скоро време да продолжи процесот на децентрализација на власта и голем дел, да не речам скоро сите надлежности на центарот за социјални работи да преминат во надлежност на општина Велес. 

На тој начин општината во наредниот период ќе може да посвети многу поголемо внимание за обезбедување на средства за најсиромашните категории граѓани на општина Велес, на кои помошта им е неопходно птребна. Исто така ќе се грижиме и за лицата кои се изложени на семејно насилство, на децата од улица, на бездомниците и на другите категории на граѓани. 

Ќе направиме максимални напори да ги подобриме и условите каде што се згрижени лицата со посебни потреби, а исто така ќе обезбедуваме доволни финансиски средства на нашите сограѓани на кои тие им се неопходно потребни за некои тешки оперативни зафати и во случај на пожари, експлозии или слични работи кои секогаш може да се очекува дека може да се случат. 

Нашите амбиции се исто така по пат на јавно приватно партнерство во некои од објектите кои се во сопственост на општина Велес, да создадеме претпоставки за отварање на дом за стари лица во Велес затоа што тој е неопходно потребен затоа што голем број наши сограѓани од постарите, повозрасните генерации заради тоа што нивните деца заминаа во странство, останаа без соодветна грижа.

Исто така во соработка со црвениот крст и други невладини организации планираме да обезбедиме нега на возрасните лица во домашни услови како и снабдување на лекови и други неопходно потребни работи – порача Аце Коцевски кандидат за градоначалник  СДСМ.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »