речник контакт

Коцевски најави гасификација на Велес

Измени во професионалната ориентација на младите со цел од средните стручни училишта да се продуцираат кадри кои полесно ќе можат да дојдат до работно место

Петар Печков

Покрај основните базични надлежности на локалната самоуправа, наш врвен приоритет во наредните четири  години ќе биде подобрување на локалната бизнис клима со цел да отвориме што повеќе работни места и да ја намалиме сиромаштијата.

За тоа да го постигнеме  ќе продолжиме со изградбата на комуналната инфраструктура  во постоечките индустриски зони ќе градиме нови партнерства со бизнис заедницата , ќе направиме измени во професионалната ориентација на младите со цел од средните стручни училишта да се продуцираат кадри кои полесно ќе можат да дојдат до работно место според претходно лоцираните барања и потреби на бизнис заедницата.

Ќе направиме повеќе проектни активности за пред квалификација , доквалификација и обука на невработените од Велес, за да им го олесниме пристапот до работни места .

Исто така како голем проект ја најавуваме и гасификацијата на градот Велес почнувајќи со индустриските објекти со цел да ги намалиме трошоците на претпријатијата и заштедите кои ќе настанат заради поефтината цена на енергенсот гас во споредба со другите енергенси, да се вложат во дополнителен развој со што ќе се генерираат нови работни места.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »