речник контакт

Коцевски одговори за дали треба споменик на Дамјанов во Велес, дали Панко ќе се врати дома, ќе има ли Питијада

ОУ во Иванковци и Горно Оризари засега остануваат да постојат, зошто не се одржа во терминот турнирот во мал фудбал во Тунел

Петар Печков

На последната прес конференција градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски одговори и на дилемите кои беа присутни во јавноста изминатиот период.  

      Архитектите на Петровден, на чествувањето на смртта  побараа да се подигне паметник на Андреја Дамјанов. Тоа го побараа и претходните години, претходната власт во стави на списокот на лица на кои треба да се подигне обележја, беше усвоено од Советот но ништо не се случи.  

Тој заслужува да има паметник. Но јавноста во Македонија е чувствителна на изградба на споменици, после проектот   ,,Скопје 2014,, . Кога од претходниот министер за култура Алаѓозовски побарав споменикот на Гемиџиите од Скопје да е пренесе во Велес, тој ми рече  ,,Аман до кога само споменици,,.  Се плашам од одѕивот на јавноста, општината има долгови а камоли да инвестираме во споменици. Се надевам дека во некое подобро време, заедно со државата  ќе му се оддолжиме на Дамјанов со достоен паметник. - одговори Коцевски 

     На чествувањето на смртта на Панко Брашнар, членови на неговото пошироко семејство беа разочарани што државата по толку време не го рехабилитирала ниту е почната постапка за идентификација на остатоците во гробот во загрепските гробишта ,,Мирогој,, каде пишува дека почива Брашнаров. 

Доколку постои и најмала теоретска можност, би сакал додека сум градоначалник на Велес да ги донесеме неговите посмртни останки во родниот град. Би бил среќен да му се одолжиме за се што направил Панко како Илинденец и кој го отвори првото заседание на АСНОМ - рече Коцевски.

  За реорганизацијата на дел од основните училишта во градот.

Постапката продолжува. Извесно е дека подрчното ОУ во село Сујаклари од деветгодишно ќе биде до петгодишно, бидејќи има само 24. Учениците од 6 до 9-то ќе се превезуваат со автобуси во ОУ во Иванковци.     Продолжуваат активностите за спојување на ОУ Благој Кирков и ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот, во едно  со име Панко Брашнаров, со тоа што ниту еден вработен да не остане на улица. Иницијативите за ОУ во Иванковци и Горно Оризари остануваат за некое друго време - кажа Коцевски. 

     За турнирот во мал фудбал во населба Тунел, зошто не се одржа во традиционалниот термин за Илинден.

Поради грешка на вработениот во општинската администрација, навреме не е започната постапката . Со организаторот се договоривме   да почне од средината на август а финалето во чест на 8-ми септември, ќе биде н на повисоко ниво и повисоки награди од досега - објасни Коцевски. 

    Ќе има ли Велес годинава Питијада 

Добив поддршка од Регионална Стопанска комора, во иднина Општина Велес да не биде  организатор туку некое здружение кое ќе биде основано за таа цел. Нема да дозволам да прекине традицијата на Питијадата, макар и во   минимален формат. Питијада ќе има годинава па и со само македонски пеачи. Нема да се одржи каде беше досега на крстосницата. Ќе се одржи или на платото близу Топилница или во Младински парк. Позитивно бев изненаден, колку стопанскиот сектор изминатите години  ја помагал манифестацијата.  

Прашан каков е интересот за   конкурсот за прием на десет пожарникари, Коцевски кажа дека добиле пријави од 48 кандидати

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »