Петар Печков
Објавено: петок, 30 октомври 2020
Состојба со ковид-19 во велешко е крајно алармантна, ваква е оценката на градоначалникот Аце Коцевски, откако околу 200 лица, велешани се регистрирани за позитивни за десетина дена. Во овој период починаа и 15 сограѓани. Заклучно со вчеравечер, во Велес имаше 258 активни случаи.
Состојбата стана алармантна деновиве. Бројот на позитивни со ковид-19 во Велес е далеку поголем отколку просекот што градот учествува во вкупниот број население во државата. Треба однесувањето на секој од нас да го прилагодиме на нова ситуација, да не придонесуваме на влошување на јавното здравје, на сопственото здравје и на здравјето на најблиските - кажа Коцевски на денешната прес конфекција, откако претходно Општинскиот кризен штаб имаше седница.
Во велешко до пладне имаше активни 258 случаи, 47 пациенти на Инфективно одделение, кое има капаците од 54 легла, 40 од нив се од Велес, пет од Свети Николе и по еден од Струмица и од Градско.
Од јавните институции Коцевски соопшти дека има двајца позитивни во општинската администрација ,седум во Општа Болница Велес, двајца во Здравствен дом, и по пет во ЈКП Дервен и Полициската станица Велес. Бројот на ученици позитивни на ковид-19 во велешко е три деца, сите основци. Во изолација се 84 дете, 45 од градинките и 39 во училиштата. Во градинките во Велес има регистрирано три случаи на лица со коронавирус, сите воспитувачки.
Превентивно затворени се детските игралишта и детските забавни паркови во градот.
Tweet |