речник контакт

Коциќ - општината претставува нечисто и неуредно место за живеење

Знаеме како треба да се решат проблемите и затоа ја бараме поддршката од граѓаните на Велес да можеме благовремено да ги решиме

Петар Печков

Под раководство на Славчо Чадиев и мнозинството на Советот на општина Велес, оваа општина претставува нечисто и неуредно место за живеење.Уште самите влезови во градот се обраснати,незгрижени, запуштени со огромна количина на смет.

На улиците низ Велес на многу места има насекаде мали депонии. Контејнерите се неисчистени и на многу места остарени.Сметаме дека сето ова мора да заврши.

Петнаесетти октомври мора да се даде шанса на луѓе коишто знаат како да ја почитуваат екологијата и да ги практикуваат мерките за подобар,почист и поеколошки Велес.Проблемот со кучињата скитници коишто незгрижени се шетаат насекаде низ целиот град мора да биде решен и ужасната ареа којашто се шири низ целиот град, посебно во летните периоди кога има неподнослива миризба мора исто така да биде санирана.

Прес на Ненад Коциќ носител на листата на коалицијата на  СДСМ за Велес

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »