Петар Печков
Објавено: четврток, 01 јуни 2017
Економските политики ќе бидат такви да секое домаќинство ги почувствува дома. Тоа ќе ги направиме со растење на македонските фирми, а секоја купена машина ќе биде помош за секое македонско семејство. Нема да има лобирање за фирмите или синдикатите туку борба за подобар економски просперитет за сите во Македонија. Ќе се бориме македонските фирми да бидат регионално и извозно ориентирани, да создаваат производи со поголема додадена вредност. Така ќе можат да вработат млади луѓе, да поделат повисоки плати, лон производство не е гаранција за повисоки плати - рече Кочо Анѓушев во неговата прва изјава како вицепремиер за економски прашање, предложен како непартиски кандидат од страна на бизнис заедницата.
(лон прозивдоство- материјалот се носи од увозник, како готов производ се враќа на истиот увозник, тука се плаќа само евтина работна рака која го изработува како готов производ)
Министерот без ресор Кочо Анѓушев вицепремиер за економски прашања, е дел од новата Влада формирана од СДСМ и дел од албанските партии ДУИ и Алијансата за албанците, е редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје.
Автор е на повеќе од 100 научни труда објавени на меѓународни и домашни научни симпозиуми и часописи. Под негово водство се реализирани повеќе од 50 проекти во индустријата од областа на машинството и енергетиката. Учесник е на повеќе трибини во организација на ЕБРД и ИФЦ.
Анѓушев е основач и главен извршен директор на групацијата Феро Инвест. Од 2004 година е активен член, а потоа и потпретседател на Стопанската Комора на Македонија. Во 2013 година е избран за претседател на Македонската енергетска асоцијација, при Стопанската комора на Македонија.
Роден е 1969 година во Велес каде завршува основно и средно образование. Во 1992 година дипломира на Машинскиот факултет во Скопје пред предвидениот рок, како првенец во генерација и останува да работи како асистент. Магистрира на Институтот за механика, а во Германија ја подготвува докторската дисертација која ја одбранил во 1998 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”.
Од 2000 до 2002 година, проф. д-р Анѓушев ја извршува функцијата помошен генерален директор за производство и управување во Електростопанство на Македонија (ЕСМ).
Во своето портфолио групацијата Фероинвест водена од Анѓушев има во целосна сопственост 19 хидроцентрали, а во осум се јавува и како ко-сопственик. Во сопственост на Фероинвест е и компанијата ЕМС специјализирана за мониторинг и одржување на хидроелектрани. Третата дејност на Фероинвест е снабдување со електрична енергија. Денес групацијата вработува повеќе од 850 лица и има годишен обрт од 150 милиони евра.
Во однос на општествената одговорност, лани е основана Фондацијата Анѓушев, преку која се обезбедуваат стипендии за студенти и млади научни истражувачи.
Проф д-р Анѓушев е член на Управен одбор и спонзор на Ракометна федерација на Македонија, како и сопственик и главен спонзор на Фудбалскиот клуб Борец од Велес.
А еве ја листата на велешани дел од највисоката извршна власт овие 26 години:
Славко Петров (ЛДП) 2002-2004 Министер за земјоделие
Јовица Андовски (СП)2011- 2017 заменик министер за здравство
Љупчо В`чков (СДСМ) 1996-1998 заменик министер за развој
Ордан Поп Андов (СДСМ) 1994-1995 помошник министер за земјоделие и шумарство
Љупче Пренџов (ГРОМ) 2014-2017) заменик министер за локална самоуправа
Tweet |