речник контакт

Кочо Анѓушев и Брако се повлекоа од финансирањето на ФК Борец

Наместо фудбал Брако и Анѓушев ќе стипендираат одлични студенти а клубот го оставаат без долгови, на ОФС Велес

Петар Печков

 
Во писменото соопштение испратено до медиумите, Кочо Анѓушев и Брако соопштија дека се повлекуваат од финансирањето на велешкиот фудбалски прволигаш ФК Борец. Во интерес на јавноста, соопштението е објавено во целост, без редакциски интервенции.

„БРАКО како општествено одговорна компанија која воедно е и докажан поддржувач на спортот и младите во градот пред пет години го превзема Здружението на граѓани „ФК Борец“ кој во тој момент се натпреваруваше во третата лига на Република Македонија.
    
По пет годишна макотрпна работа во клубот и инвестирани околу 1.000.000  евра финансиски средства со цел издигнување на клубот, ФК Борец веќе втора година е прилично солидна прволигашка екипа која постигнува добри резултати и се наоѓа на солидно место на прволигашката табела во Република Северна Македонија.
    
Во моментот кога требаше ФК Борец да премине од втора во прва лига, согласно Законот за спорт мораше да се формира акционерско друштво, и бидејќи никој не сакаше да обезбеди финансиски средства, Борец е формиран како „ФК Борец 1919 АД“ во целосна сопственост на БРАКО.
    
За жал целата јавност беше сведок на настаните во општинскиот фудбалски сојуз во Велес, за кое веќе јавноста е доволно запознаена и не ни целта со ова Соопштение дополнително да ја оптоваруваме јавноста за оваа тема, единствено потенцираме дека собранието го сметаме пред се за незаконско, нелегитимно и неусогласено со Законот за спорт на Р.С.М. Посебно и исклучиво не можеме да се согласиме со одлуките  ФК Борец како единствена фудбалска прволигашка екипа од градот да нема свој делегат во Фудбалската федерација на Македонија каде се организира фудбалот во државата.
    
Немаме намера да ги коментираме сите лаги и дегутантни изјави на старо новиот претседател на општинскиот фудбалски сојуз во Велес меѓутоа сакаме само да демантираме една од нив како неточна, а тоа е дека лицето Драган Јорданов е претставник на ФК Борец на собранието на општинскиот фудбалски сојуз во Велес, а впрочем најдобар доказ за тоа е дека истиот гласаше против претставникот на Борец на собранието.
    
На денешниот состанок на собирот на содружници (сопственици) на БРАКО, донесовме одлука дека БРАКО како компанија не треба да продолжи да финансира во спортски федерации чии раководства немаат респект кон спонзорите и онака како што слушаме од Агенцијата за млади и спорт истите не се усогласени со законите на Република Северна Македонија.
    
Во таа смисла објавуваме дека БРАКО ќе престане да го финансира клубот, и во иднина својата репутација како општествено одговорна компанија ќе ја надгради преку стипендирање на одлични студенти од велешката општина, претежно но не единствено на техничките науки.
    
Со оглед на тоа дек ФК Борец 1919 АД нема никакви долгови а притоа на јавно дадената понуда клубот да го превземе некој кој има добра намера и цел кон фудбалот (пред се раководните лица на општинскиот фудбалски сојуз), до денеска на јавно дадената понуда нема пријавени и поради тоа фудбалерите и сите вработени во клубот ќе бидат комплетно исплатени до денешен ден и за тоа уредно ќе ја добијат целата документација.
    
Со ова уште еднаш се потврдува дека сите раководни лица на општинскиот фудбалски сојуз во Велес исклучиво имаат за цел задоволување на личните интереси а не се грижат за доброто на градот а најмалку за  доброто на ФК Борец“.

соопштението е потпишано од  проф. д-р. Кочо Анѓушев и Благој Шалев 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »