речник контакт

Кој е, како починал непознатиот, пронајден кај Штипска бензинска

Полиција молчи, приказната за смртта се шири

Петар Печков

Вчера попладне и денес претпладне полициски и истражни екипи работат  засиленоно на  просторот близу патниот премин на Штипската пруга. Пронајдено е тело кај срушената куќа над пругата.  Бројните минувачи кои  се нашле тука, ги предизвикало присуството на екипите.

Како во филмовите, има лица облечено во бело нешто истражуваат, бараат. Просторот е ограден со лента, го чува полиција. Нешто е сериозно, штом вака се постапува – велат сведоците.

Од велешката полиција не откриваат многу детали за настанот. Соопштија дека е пронајден леш.

Во петокот околу 19 часот информирани сме дека е пронајден машки леш во близина на отпадот Еко Кулев, на патот кон Дурутовец. Екипите работат на идентификација а телото е предадено на обдукција – изјави кратко портпаролот на СВР Велес. Анита Стојковска. 

И додека полицијата молчи, информацијата за пронајдениот леш бргу се рашири. А со тоа и шпекулациите, кој може тој да биде,  се бара причината за неговата смрт, дали е природна или насилна. Од полиција најавија дека штом ќе ги добијат потребните информации ќе излезат во јавноста.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »