речник контакт

Кој ги етикетира организаторите на утрешниот Средношколски марш

И покрај се организаторите утре ќе маршираат по улиците на Велес

Петар Печков

Во пресрет на утрешниот,сабота протестен марш на средношколците од Велес  ноќеска градот бил излепен со плакати со кој се етикетираат организаторите.  Средношколците утре ќе бараат да се укине екстерното тестирање и да не се воведува математиката како задолжителен предмет во државната матура.  Средношколскиот пленум од Велес реагираше на етикетирањето на нивното раководство.

,,Плакати се залепени насекаде низ градот, на дрвја, огласни табли дури и на продавниците. Етикетирани се најгласните членови.  Овој марш е самоицијативен  а ова е заплашување на луѓето со цел да не се појават утре. Згрозени  сме од новите настани, очекуваме да се сопре понатамошно ширење и злоупотреба на  нашите членови,, стoи во писемната реакција ан Средношколскиот пленум од Велес.

Организаторите повикаа дека учесниците на маршот  можат да бидат сите граѓани, и да  носат свирчиња и транспаренти, како и многу ентузијазам и позитивна енергија. Собирна дестинација за маршот е „Авона“ во периодот од 13 до 13.30 часот. Од 13.30 маршот ќе се движи по улицата Благој Ѓорев до Младински парк. После маршот следи музичка програма од 14 до 16 часот. Ќе настапат DJ POPEYE од 14 до 15 часот и DJ RAKOVSKI & DJ TWISTED од 15 до 16 часот.

Граѓани, приклучете се на маршот, повикајте ги своите пријатели и поддржете ја идејата за подобрување на образованието - повикаа организаторите. . Тие бараат да се укине екстерното тестирање и да не се воведува математиката како задолжителен предмет во државната матура. Маршот е пријавен во СВР Велес. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »