Петар Печков
Објавено: недела, 25 октомври 2015
Не мало беше изненадувањето на велешани кои денес се движеа по улицата 8-ми септември, на тротоарот пред Основен суд Велес. Таму во должина од 20-тина метри, беа уништени сите метални столпчиња, кои локалната власт ги поставила за тротоарот да не се користи за паркирање.
Сите се чудеа како е можно да се искршат 15 ,,П,, метални столпчиња, иако на тротоарот имаше траги од автомобилско тркало. Одговорот го имаше велешката полиција во нивната информација пишува
,,Утрово во 3,30 ч. на улица 8-ми Септември, близу Основниот суд , 20 годишен жител на Велес, управувајќи патнички автомобил марка ,,БМВ,, изгубил контрола над возилото и удрил во метални заштитни столбови, поставени на тротоарот. Увидна екипа на СВР Велес изврши увид на местото на настанот,,.
Од локалната власт на Општина Велес соопштија дека наскоро ќе бидат постаени нови ,,П,, метални столпчиња на тротоарот а предизвиканата материјална штета, ќе ја плати сторителот на инцидентот.
Tweet |