речник контакт

Кој го совлада Јуртиев во неговото дивеење против соседите Темелкови

Се уште има луѓе кои и по цена на сопствениот живот помагаат во туѓи несреќи. Таков е и велешанецот Димче Зафировски

Петар Печков

По пет месеци од убиството на Рахилка Темелкова, при сведочење во Основен суд Велес, пред јавноста излезе податокот која го спречи и совлада обвинетиот Илија Јуртиев во неговото дивеење, при што ја уби сосетката а се обиде да  ги убие и нејзиниот син Зоран  и снаата  Славица.  

Тоа е 30 годишниот Димче Зафировски, кој храбро влетал во куќата на Темелкови, се борел по цена и на живот, оти Илија се  обидел  и  него да  го убие и  но Димче го совладал . Ова скромно момче ги раскажа настаните од 5-ти април годинава, утрото во 9,40 на улица Енгелсова бр.239. 

Кога ме викна Зоран телефонски, преплашен дотрчав оти дента работев во близина на нивната куќа а јас сум вработен  во фирмата на  Зоран.  Немаше што да се чека, мораше брзо да  се реагира. Слушав силно кршење на стакло и врата. Се качив горе на кат  и  го видов  Илија со  нож во  уста и  со секира во рака како  ја крши влезната  врата. Од внатре се бранеа Зоран и Славица.   Начекав момент  го  совладав, но тој се обиде со ножот да ме прободе во стомак. Па се боревме и се стркалавме по  скалите надолу. По ова дојде Дарко му ја зема секирата и  го легнавме на  земја. Дојде полицаец во цивил    се легитимира  и  го  однесе Илија во  полиција. Видов дека Зоран е прободен во надлактицата а Славица беше крвови по лицето од искршените делови на  стаклото  – објасни Зафировски што се случувало критичните моменти во куќата.

Неми му помогнал да  го совладаат  сторителот Илија,  Дарко Алексов  кој  критичниот ден одел  на  бербер во близина кога го   видел како обвинетиот трча со секира во рака, но не знаел што се случува. Кога втрчал Димче  во  куќата влегол  и тој, откако Димче го совладал, Дарко му го земал ножот од уста  и секирата од рака.

За борбата во куќата сведочеше и соседот  Борис Митев. Него го повикал седумгодишниот внук на Рахилка.

Детето ми  викаше ,,Дедо Борис  помагајте, дојдете,,  и отидов. Моја мотивација што се вклучив беше да го згрижам детето.   Видов дека  некој  мава  на горниот  кат, силно удара, по  што  од зад грб почувствував дека  некое  младо  лице  се качи  по лесвици. Тие се бореа со Илија, момчето  го фати  Илија  од зад  грб, се стркалаа по  скалите  и  пак се  бореа, па дојде уште едно младо момче   и  заедно  двајцата го совладаа соседот   -  рече  Борис.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »