Петар Печков
Објавено: сабота, 21 април 2018
Поради честите поплаки од страна на жители на населба Тунел и Превалец за енормно загадување во овој дел на Велес, екологистите од ЕД Вила Зора побараа од надлежниот инспекторат да спроведе активности за евиидентирање на загадувачот и намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух.
Подолго време имаме поплаки од граѓаните кои живеат во новиот дел на градот. Тие реагираат на големите количества бела прашина кои паѓаат секојдневно. И покрај бројните наши реакции, состојбата не е подобрена. Емисијата на штетни честички е неколкукратно повисока од дозволените вредности, што е недозволиво. Локланиот инспектор за животна средина извршил анализи и мерења , но резултатите јавноста не ги знае - рече на прес конференција Ангел Киров, портпарол на ЕД Вила Зора-Велес. Тој не именуваше кој е загадувачот, не даде одговор на поставеното новинарско прашање, а тоа го остави на надлежните институции.
Кој е загадувачот кој перманентно го загадува воздухот во овој дел на градот. Дали стопанските субјекти од овој дел на градот ги имаат сите потребни дозволи, од еколошки апсект. Бараме одговори на овие прашања, согласно Архуската конвенција, која е ратификувана и од Македонија. Досегашните постапки со овој проблем, не доведоа до подбрување на состојбата. Затоа и сме поготвени за помасовен граѓански активизам - рече Киров.
Tweet |