речник контакт

Кој го фати крстот во Лозово и Градско

Крстот се фрлаше во реката Вардар, но и во специјално подготвени базени

Петар Печков

Во Општина Лозово светиот крст на Богојавление се фрлаше во четири населени места.  Во Лозово најуспешен беше  Дарко Илиевски, во Дорфулија Христијан Јаначков, во Каратманово Христијан Тасевски а во Сарамзалино Николче Панов. На секој од нив грејно тело им подари градоначалникот на Општина Лозово Аце Велковски. 

Во Градско  најсреќен, меѓу десетината кои скокнаа во Вардар,  беше Тоше Илиќ (28 год) кој како и неколку години претходно го фати крстот. Тој од градоначалникот на Општина Градско Роберт Бешовски доби лап-топ.    

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »