Петар Печков
Објавено: недела, 30 јули 2017
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето- плата по вработен, во мај 2017 година, во однос на мај 2016 година, изнесува 102,5.
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: рударство и вадење камен (14,2%), стручни, научни и технички дејности (5,8%) и преработувачка индустрија (5,5%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: стручни, научни и технички дејности (5,2%), рударство и вадење камен (4,5%) и градежништво (4,0%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2017, изнесува 22.889 денари.
Во мај 2017 година, 1,2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.
Дејности со највисока плата:
Финансиски дејности и дејности на осигурување - 40.044 денари
Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација - 37.114 денари
Информации и комуникации - 36.702 денари
Рударство и вадење камен - 30.084 денари
Стручни, научни и технички дејности - 29.442 денари
Дејности со најниска плата:
Административни и помошни услужни дејности - 16.641 денар
Земјоделство, шумарство и рибарство - 17.390 денари
Преработувачка индустрија - 17.751 денар
Уметност, забава и рекреација - 20.397 денари
Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли - 21.473 денари
Tweet |