речник контакт

Кој е Феликс Баумгартнер, човекот кој го восхити светот

Феликс Баумгартнер, Австриец кој го восхити светот скокна на висина од 36.000 метри и го проби со своето тело звучниот ѕид, роден е да лета,

Петар Печков

Остварување на сонот

Оваа крилатица доби сосема ново значење, откако неустрашливиот Феликс вчера скокна од работ на Вселената, при што неговото тело достигна брзина од неверојатни 1.150 километри на час.

Драматичниот скок од вселенската капсула од висина која ја надмина 36.000 километри можеше да заврши трагично, затоа што при таква брзина постои можност крвта да зоврие, а храбриот Австриец си обезбеди неколку рекорди и остварување на детскиот сон.

Одсекогаш посакував да бидам  во воздух. Се качував на дрвја затоа што сакав светот да го гледам одозгора, рече своевремено Баумгартнер.

Нестрашливиот скокач е роден во Салзбург во Австрија, на 20 април 1969 година. Во младоста работел како автомеханичар, поправал мотори. Од тогаш барал начини да се вивне во небесите.

Поранешен војник

Првпат со падобран скокнал кога имал само 16 години, а своите вештини ги совршил како припадник на австриската војска.

Со текот на годините, екстремниот скокач чие мото е „воздухот е мојот дом“, изгради импресивно досие. Еден од неговите први рекорди е забележан во 1999 година кога го изведе B.A.S.E. скокот од кипот исус Христос во Рио де Жанеиро.

Како лиценциран пилот на хеликоптер, чие хоби се бокс и изкачување, двапати го постави светскиот рекорд за најмногу B.A.S.E. скокови од згради.

Првиот беше скок од облакодерите близнаците Петронас во Каула Лумпур 1999 година, а подоцна скокнал од кулата Тајпеј 101 во главниот град на Тајван.

Во 2003 година опремен само со посебни карбонски крила го прелета каналот Ла Манш. Меѓу неговите импресивни потфати е скокот со падобран во пештерота длабока 190 метри во Хрватска и скокот од највисокиот мост на светот во Франција.

За мисијата Ред Бул стратос тренираше полни пет години. Неговата мајка Ева Баумгартнер рече дека скокот од работ на вселената бил негов најголем сон.

Сака планинарење

И покрај ризиците кои неговиот последен потфат ги носеше, Баумгартнер никогаш не се плашел. Нагласуваше дека си ја завршил домашната задача и тоа многу успешно, а тоа, се покажа и вчера.

Мразам кога ме викаат човекот кој бара возбудување или адреналински зависник. Јас тоа не сум. Јас сакам планинарење, рече Баумгартнер.

После успешниот изведен скок не негираше дека му е мило што жив се вратил на Земјата.

 Кога стоите таму на врвот на светот, станувате така скромни и единствено што сакате е да се вратите живи, рече за новинарите. А само неколку часа после неверојатниот потфат, Феликс на својот фејсбук профил постави порака во која вели дека е многу уморен, но и среќен.

После пет години конечно успеавме да ја реализираме нашата мисија. Ви благодарам на сите што цело ова време ме следите и ми давата поддршка. Сега одам во кревет, многу сум уморен, но и среќен. Се гледаме утре, рече Феликс.

текстот е преземен од Телеграф- Лондон

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »