Петар Печков
Објавено: петок, 18 февруари 2022
Министерството за култура ги објави резултатите од конкурсите за финансирање на програмите од национален интерес за оваа 2022- година. Еве што доби културата во градот.
Велешкиот театар ќе биде финансиран за две претстави : „ М. Батерфлај “ - автор Дејвид Хенри Хванг , режија Андреј Цветановски со 1.200.000 и „ Креон и Антигона“ - автор Ж. Ануј и Софокле, режија Дејан Ангелов 800. 000 денари. Тој ќе добие и средства од еден милион за Интернационалниот фестивал на античка драма „ СТОБИ“ . Средства доби и Хетем Етеми од Велес за театарска претстава „ПЛАЧОТ 2“ - драматург Калтрина Тефику, режија Хетем Етеми со 270,777 денари. Предвидено е гостување со претставата „ Петтото годишно време“ во Рен, Франција и реализација на работилници 500.000 денари. За тековно одржување на објектот предвидени се 1.900.000 денари.
Велешкиот Народен Музеј доби средства за три проекти. Конзерваториски истражувања и изработка на конзерваториски проект на Нумизматичката збирка на ЛУ Народен музеј Велес 140,600, изработка на елаборат за валоризација на збирка „Камени споменици на ЛУ Народен музеј Велес“ 80,000 и увид и документирање на движен материјал, икони од зографот Крсте од Велес 60,000. За одржување на изложби Народен музеј Велес доби средства за четири автори -Бранкица Јордановска 41.250, „ Технолошки примитивци “ од Сали Ертунч 41.250, „ Спокој Неспокој“ од Коле Манев 96.000, групна изложба на дела на ликовни уметници од Велес 56.250.
Националната установа „Стоби“ доби средства за реализација на неколку проекти. Конзервација на архитектонските остатоци од Резиденцијален и комерцијален кварт од рано византиско 1.200,000, конзервација, реставрација и реконструкција и археолошки доистражувања на објектот Римски театар 1.600.000, археолошки доистражувања и конзервација на фрескоживопис и на архитектонски делови од Старата епископска базилика 600.000, тековно одржување и партерно уредување на археолошкиот локалитет 1.200. 000, изработка на Основен проект за конзервација и реставрација на архитектонската декорација од Градбата со арки 30.000, изработка на основен проект за конзервација и реставрација на зачуваните мермерни елемент и од г гледалиштето на Театарот 30.000. конзервација и реставрација на сегмент од јужниот градски бедем и јужната порта (етапа 1 и етапа 2) 1.500.000, санација на илуминацијата на археолошкиот локалитет 2.000.000 и за тековно одржување на објектот 1.900.000 денари.
За фолклорот предвидени се две ставки, општина Велес за организација на Интернационален фолклорен фестивал 200.000 и на Ансамбл Керамичар за годишен концерт 144.000 денари.
Друштво за производство, трговија и услуги ЗБОР – ИДАВАЧКА КУЌА ДООЕЛ Велес за издавање на две книги “Досие љубов„ од Силвана Величковска 60.000 и за „ Касичка со љубов “од Марија Петровска 31.945 денари.
Националниот конзерваториски центар доби средства за реализација на проекти кои ќе ги реализира и во Велес и велешко. Изведување на работите за непосредна заштита, реализација на проект за конзервација и реставрација на ѕидното сликарство на црквата „ Св. Димитрија“, под Кале Велес 300.000, валоризација на црквите во регионот на Повардарската епархија: „ Св. Никола“ , село Габровник; „ Св. Троица“ , село Убого; „ Вознесение Христово“ , село Подлес; „ Вознесение Христово“ , село Дреново; „ Св. Ѓорги“ , село Мартолци 60.000, рлаборат з а ревалоризација на црквата „ Св. Атанасие“ , село Свеќани, Општина Градско, Велес 10.000 и конзервација и реставрација на иконописот од 19 век во регионот на Градско (Повардарскa епархија) - икони од црквата „ Св. Спас, село Ногаевци, Општина Градско 60. 000 денари.
Tweet |