Петар Печков
Објавено: вторник, 03 февруари 2026
Објавени се резултатите од годишните програми на Министерството за кулура. Што добија велешките институции или автори за 2026 година. Повеќето програми се како и претходните години. Нациоанлните институции Велешки театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“, НУ Стоби се должни висината на средствата кои ќе ги добијaт како вкупно маса да ги објават на нивните веб страни, со проектите кои планираат да ги изведат годинава. Истото се однесува и на НУ Конзерваторски центар на Македонија, кој можеби ќе реализира нешто и во велешко.
Општина Велес за Меѓународна културна манифестација 63 Рацинови средби доби 612.000 денари, Здружение на граѓани ПЛУС ПУБЛИКА Велес за петтото издание на Театарски фестивал „5РЕ“ 408.000 денари, Општина Велес за 21 Интернационален фолклорен фестивал 456.000.
Годинава го нема Фестивалот на џез, ворлд и современа музика, чии организатори аплицирале но не добиле средства за петото издание.
За Фестивалот на античка драма Стоби средствата се во годишната програма за театарот Јордан Хаџи Константинов Џинот.
Културно уметничко друштво Коле Неделковски за целовечерен годишен концерт 100.000. Ова е прв пат друштвото да аплицира и добие средства. За годишен концерт на Ансамблот Керамичар доби 120.000 денари.
Здружение на граѓани Младинско драмско-поетско студио Премиера од Велес за организацијата на 59-тите Детски Рацинови средби 160.000 а за театарска претстава „Дома“ – по истоимениот драмски текст „Дома“ од Људмила Разумовскаја во режија Анита Мирчева 70.500.
Здружение за дејности од уметноста и културата АРТ ОКАРИНА Велес „Децата низ боите на музиката“ - Детски хор „Св. Кирил и Методиј“ 115.000
Стрип центарот на Македонија од Велес за 23-иот Мегународен салон на Стрип – мегународен стрип конкурс 73.200, за 8-та мегународна годинава женска стрип колонија 160.000, за издавање на стрип-книга „Враќањето на Стариот Мачор“ 120.600, за списанието „Македонски стрип алманах“ бр. 7 100.000 и ревија „Стрип креатор“ бр. 39 и 40 120.000.
Здружението на Слепи лица од Велес за издавање на книгата „Папокот на светот“ од Венко Андоновски на Брајово писмо 188.064 Друштво за производство, трговија и услуги издвачката куќа ЗБОР ДООЕЛ Велес за книгата „Клучниот код на молкот“ од Емилија Златкова Анастасова 110.000.
Филип Коруновски за престој со Ангел Коруновски со проектот „Фрагменти на присуство“ во Меѓународниот град на уметностите во Париз, Франција 300.000.
Здружение на граѓани, друштво за музичко сценска уметност и спорт Балетско студио Анабела Маѓународен танцов натпревар „Christmas Dance Competition Vol. 7“ 320.000
Од локалните културни институции библиотека „Гоце Делчев“ доби три проекти: инклузивна работилница „За сите деца“ 30.000, за Општински натпревар „Млади библиотекари“ 2026 30.000 и за набавка на монографски публикации за Одделот за возрасни 150.000
Градскиот Народен музеј Велес за археолошко истражување на локалитетот „Кале“, село Стари Град 150.000, изложба на фотографии, историски документи и предмети 100.000 и доопремување на изложбените простории на археолошкото одделение на ЛУ Народен музеј Велес (80 години музејска дејност во Велес) 200.000
Друштво за производство трговија и услуги ТОРОС ФИЛМ СТУДИО ДООЕЛ Велес Археолошки дневник на Стоби 140.000
Музичарот Сашко Костов за проектот 15 години музички јубилеј, со компнирање во театар 86.400.
Здружение за децентрализација, истражување и промоција на културата-ДЕЦЕНТРАЛА- Велес Три години галерија „Под отворено небо“ - Чашка 72.000
Здружение за Архитектура, дизајн и култура - АРХИФАКТ Скопје „Индустрискиот дизајн и дизајнерите од фабриката за порцелан „Борис Кидрич“ од Титов Велес 1954 - 2003“ 220.500
Томе Трајков за учество на фестивалот „Цртани романи шоу/Crtani Romani Šou“ во Загреб, Хрватска 60.000
Добрила Грашеска Јовановска за проектот Ало Тончов - великан на велешката чалгија 100.000
Двајца автори ќе добијата средства за концерти во Велес
Ристо Ѓоревски рецитал за кларинет 50.400
Глигор Гелебешев за солистички концерт на пијано 68.400
| Tweet |




