Петар Печков
Објавено: четврток, 26 ноември 2009
Редици уште во 6 часот наутро а можеби работата нема да се заврши во текот на работното време. Ваква е состојбата во одделението за издвање на лични карти при СВР Велес. Велешани совесно се огласија на повикот нa МВР за промена на старите лични карти но оваа нивна обврска тие се жалат дека тешко ќе ја реализираат. Гужви, редици, нервозни ситуации, малку ефективно работење и неорганизираност, ваква била состојбата на шалтерот на СВР Велес изминатите десет дена. Посебно се редиците сeкој пазарен ден, вторник и петок, кога тие како да немаат крај. Секој ден дисциплинирано граѓаните чекаат да за започнат процедурата која имал неизвесен завршеток. Не помага ниту утринскота прошека, со првите петли, до крајот на градот за да се фати место и се добие нова лична карта.
- Ваква гужва не сме виделе уште кога после војната во 46-тата се делеа купони за храна. За жал се вратија тие купонски времиња. Што бараат да ја смениме личната карта кога МВР не е организирана. Со еден комјпутер може ли да се задоволат барањата на повеќе стотина граѓани секој ден. И да работат ефективно може ли на секој 2-3 минути да завршат со секое лице поединечно. Технички не е можно а не практично – велат револтирано велешани. Посочуваат дека компјутерот повеќе ,,паѓал,, и одмарал отколку што бил во фукнција. Се жалат дека губеле по цел ден чекајќи ред, но и тогаш не завршувале работа, знаеле да слушнат „дојдете утре“.
- Како да дојдам утре, кога сум од Богомила, кој ќе плати за оваа моја изнудена прошетка. Срамота е ова што се случува, чекаме со саати а неизвесно е дека денес ќе завршиме работа. Во село сум оставил земјоделски работи, наместо тоа јас чекам да бидам сликан за лична карта – вели жител од реонот на Азот. Тој заедно со жителите од општина Чашка и Градско мора да дојдат во Велес за да ја завршат оваа процедура што им создава дополнителни трошоци. Според граѓаните кои чекаат трпеливо во ред, едвај 30-тина од десет пати повеќето успешно завршуваат со процедурата. Гужвите во одделението за издавање на лични карти ги чувствуваат и лицата кои вадат патни исправи и возачки дозволи. Тие не можат да влезат во канцелариите кои се заедничии, од страв на останатите дека се ,, шверцуваат,, . Иако од СВР Велес како решение за избегнување на гужвите, пред недела дена најавија дека ќе започнат со сменска работа, тоа се уште не е случено. Затоа најавуваат дека во сабота ќе работат само за старите, изнемоштени и болни лица.

Tweet |