речник контакт

Кој се од Велес и за што доби финансиска поддршка од Министерство за култура за годинашните проекти

Средства добија „Рациновите средби“, Фестивалот на античка драма „Стоби“, фолклорниот фестивал „Велес“, Вајарската работилница „Папрадишки мајстори“, Меѓународната стрип колонија на Стрип центарот

Петар Печков

Министерството за култура ги објави резултатите од годишната програма за култура, кои ќе бидат финансиски поддржани.

Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ доби средства за две претстави „Едвард втори“ работена по текст на Кристофер Марлоу а во режија на Украинецот Андреј Жолдак, кој досега во два наврати  во  МНТ има работено во Македонија.  Ги постави претставите „Електра“ и „Соларис'. За „Едвард втори“  издвоени се два милиони денари. Втората претстава е „Лепа Ангелина“ работена по текст на Благоја Ристевски Платнар а во режија на Љупчо Георгиевски, поддржана со 700 илјади денари. Велешкиот театар за одржување на меѓународната соработка „Наши денови“ гостување во Нови Сад доби 200.000 денари.

Велешкиот режисер Александар Ивановски има добиено 180 илјади денари средства како поддршка за физичко лице за претставата „Поткровје“ работена по текст на Артур Милер.  

Годинава  средства добија и неколку локални манифестации „Рацинови среди“ 204.000 денари, Фестивалот на античка драма „Стоби“ 600 илјади денари,  фолклорниот фестивал „Велес“ 208.000. Вајарската работилница  „Папрадишки мајстори“ 70 илјади денари, Меѓународната стрип колонија на Стрип центарот со 65 илјади денари.  

Годинава е предвидено и гостување на Македонска Опера и балет во Велес, за што се одобрени средства од Министерството за култура.  

Националната уставнава „Стоби“ доби средства за  пет проекти.  Конзервација на резиденцијален и комерцијален кварт 700 илјади, Конзервација на Јужен бедем и Јужна порта еден милион денари, реконструкција на плоштадот 100 илјади денари, до истражување и реконструкција на Римски театар еден милион денари и реконструкција на Епископска базилика 600 илјади денари.

Националниот конзерваториски центар доби 60 илјади денари  а изработка на конзерваториски проект за пештерската црква „Маркова црква“ во локалитет Пешти.

Народниот Музеј доби средства за организација на четири изложби  Дејан Спасовски, Горан Ристовски, Стефан Аврамовски поддржани со по 37.000 денари и ретроспективна изложба на Ангел Петров со 72 илјади денари. Во годишната програм финансиски поддржана од Министерството за култура на Народен музеј се и четири други проекти.  Истражување на предмети од керамика сопственост на музејот, пронајдени на локалитет Теќе и Отовица, заштита на монети од нумизматичка збирка, до опремување на просторија на археолошко одделение со по 153 илјади денари и археолошки истражување на некропола  Кале Згрополци со 245 илјади денари.

Локалната библиотека „Гоце Делчев“  доби средства за два проекти, набавка на книги од роднокрајни автори 20 илјади денари и 70 илјади денари за снимање на аудио книги.  

Љубица Малинова доби 90 илјади денари за нејзино гостување и настап на меѓународен музички натпревар во Пламанова Италија.

Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес доби средства за три книги - Стрип алманахот 11.8 илјади денари, „Мечкин камен - Карпош“ од Миле Топуз 108 илјади денари и „Коко и Веки“ од Јордан Манасков со 94 илјади денари.

Издавачката куќа „Збор“ од Велес доби средства за две книги, превод од албански и издавање на „Детето во снег“ со 111 илјади денари и „Кула од карти“ на Елена Симонова со 62 илјади денари.  

Со 200 илјади денари Министерството за култура го поддржа Торос филм студио од Велес за „кар синема“.

За годишниот концерт на ансамблот „Керамичар, добија 100 илјади денари а за изработка на народна носија 108 илјади денари.

На поранешниот амбасадор Виктор Габер, за неговата книга „100 години Велес на поштенските картички„ му е одобрена финансиска поддршка д 66 илјади денари.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »