речник контакт

Кој се најпаметните луѓе на светот

Листата на 16 најинтелигентни луѓе во светот ја состави др. Џејсон Бетс кои и самиот има IQ 168. Најпаметниот човек е Грк

Петар Печков

Светскиот директориум за генија, кој го креираше др. Џејсон Бетс е листа на најинтелигентни луѓе составена од тие кои полагале тест на интелигенција. Листата се менува со оглед на новите резултати. Повеќето луѓе имаат IQ  од 85 до 144, а кога некој има IQ  од 160 се смета за гениj, пишува Бизнис Инсајдер. Ова се 16 најинтелигентни луѓе во целиот свет,

16. Иван Ивец има IQ  169, член е на Менса во Хрватска и предава напредна математика

15. Италијанецот Гаетано Морели исто така има IQ  169. Тој е инжинер во една италијанска компанија и автор на книга која се бави на темата теорија на релативност на Алберт Ајнштајн. Хоби му се играње шах и риболов.

14. Хорге дел Фресно Виејо од Шпанија има IQ  170. Тој е член на неколку IQ  здруженија вклучувајќи го и Универзал Џиниус Сошаети и Епида.

13. Мик Демпси од Велика Британија има IQ  171. Тој има диплома од форензичка психологија. Сака да слуша џез, да го чита Вилијам Фолкнер, да игра фудбал и да гледа филмови.

12. Марк Нодегер има IQ  171. Овој 20 годишник од Фрибург од Швајцарија, е научник и дизајнер на игри, стои во неговиот профил во Hall of the Ancients. Исто така стои дека неговата најомилена храна е знаењето, а најомилениот пијалок му е интелигенцијата.

11. Индиецот Сантану Сенгупта има IQ 174. Работи за една фирма која се бави со финансиски сервис, а во слободното време овој 34 годишник сака да патува, да игра пазл сложувалки и да ужива во добра храна.

10. Ведран Глишиќ од БиХ има IQ 175. Вели дека сака експериментална музика, математика и шах.

9. Австралиецот Петер Роџерс има IQ 175. Овој 58 годишен физичар и поет напишал над 3000 песни и објавил книги за емоции, шизофренија и за Алберт Ајншатјн. Интересно е да се напомене дека има дислексија и епилепсија.

8. Тадајуки Коно од Јапонија има IQ 176. Вели дека хоби му се слушање музика, гледање филмови како и читање.
7. Ли ХанКунг од Јужна Кореја има IQ 177. Тој е член на најмалку пет IQ здруженија вклучувајќи ја и Менса.

6. Тим Робертс има IQ 178. Тој австралиски професор води одделение за компјутерски науки на универзитетот во Квинсленд. Една од неговите страсти е и бавење со вештачка интелигенција.

5. Германецот Патрик Зимерс има IQ 178. Овој 30 годишник моментално студира филозофија и политологија на универзитетот Дамштат. Во своето слободно време сака да пишува поезија.

4. Кенет Ферели има IQ 190. Тој е лекар во САД а и самиот вели составил неколку IQ тестови.

3. Мислав Предавец има IQ 192. Има 42 години и моментално е професор по математика во Загреб.

2. Американецот Рик Роснер исто така има IQ 192. Неколку години работел како стрипер. Сега живее во Лос Анџелес па вели дека понекогаш е буден и 20 часа за да доврши тест за интелигенција додека се натпреварува со својот грчки ривал, 36 годишниот др. Евангелос Кациулис.

1. Евангелос Кациулис има IQ 198. Работел како психијатар, а има диплома од филозофија, медицинска истражувачка технологија и психофармакологија. Вели дека исто така сака да црта, да плива и да патува.

 текстот е преземен од dnevnik.hr

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »