речник контакт

Кој стои зад името Ред бул

Дитрих Диди Матешиц (68) лош ученик, уште полош студент, а одличен бизнисмен

Петар Печков

Со авантуристичкиот скок од вселената, кој го финансираше компанијата Ред бул, Феликс Баумгартнер не само што постави троен светски рекорд, туку направи и голема реклама на производителот на енергетски пијалоци. Но, кој е човекот кој стои зад името Ред бул?

Дитрих Диди Матешиц (68) е роден во австралискиот град Санкт Марајн од 2.500 жители. Него и сестра му ги исчувала нивната мајка наставничка, која била многу строга кон нив.
Бил талентиран, но мрзлив ученик и едвај положил матура. Студирал бродоградба и архитектура, а потоа економија. Дипломирал по 10 години студирање, а потоа се вработил во рекламна бранша.

Во 1982 година, наводно за време на службено патување во Хонгконг, во хотелот Мандарин го пробал енергетскиот пијалок кратинг денг (црвен бик), кој го произведувала фабрика во сопственост на кланот Јувидја, најбогато семејство на Тајланд. Во тоа време Матешиц бил директор на маркетинг во фабриката за производство на пасти за заби Блендакс. Потоа дал отказ а во 1984 година во местото Фуши ам Зе ја основал компанијата Ред бул. Три години подоцна во соработка со тајландски производители, на австрискиот пазар го донесува енергетскиот напиток кој ќе го освои светот.

Во 2011 година Ред бул забележа промет во вредност од 4,2 милијарди евра. Бренд, чиј рекламен слоган - Ред бул ви дава крила, го промовираа екстремни спортисти (кајт сурфинг, бејз џампинг). Љубителот на мотокрос инвестирал околу 1,4 милијарда евра во околу 600 спортисти ширум светот (Себастијан Фетел, Марио Гомез, Линдзи Вон итн.) и е најголем светски спонзор во спортот.

Во негова сопственост се наоѓаат два тркачки тима Ред бул и Торо росо, три фудбалски клубови Салцбург, Њујорк, Лајпциг и еден хокеарски клуб Салцбург. Се наоѓа на 193 место на листата на најбогатиот американски магазин Форбс. Собира олдтајмери и пилотира, има патека за болиди Формула 1, по која и самиот вози. Има син Марко, кој треба да ја наследи неговата империја.

Се одмара на својот остров Лаукала во Јужен Пацифик од 1.200 хектари, на кој има подигнато бунгалови кои ги издава. Преноќиште во таков бунгалов чини најмалку 2.900 евра.

текстот е преземен од Блиц - Белград

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »