Петар Печков
Објавено: вторник, 05 јуни 2012
Познат е идентитетот на спасителот, кој В.Д. ( 49 год) успеа да ја одварти од намерата да скокне во реката Вардар. Настанот од пред неколку дена сеуште е актуелен во велешката јавност, во потрага по името на младиот велешаенц кој ја паси жената.ТРМР дојде до него, но тој одби да се пишува за него.
Тоа што го сторив, го направив заради жената, не заради јавноста и популарноста - рече кратко момчето. Тој заедно со уште двајца минувачи во средата на 30-ти мај, во 4 часот наутро биле на Стар мсот, кога ја виделе жената. Таа била од надворешанта страна на оградата и подготвена да скокне во надојдениот Вардар. Соговорникот и пришол и во разговор со неа се обидел да ја одврати од намерата. Но таа била цврста дека ќе скокне, проади што тој морал физички ја дај префрли преку ограда по што повикал полиција. Дошла и Брза помош која за згрижила во велешатка Болница.
За овој настан тој не кажал и на неговите блиски. Дури вечерта кога на електронските медиуми ја гледале веста за овој настан, рекол дека тој ја спасил, на што тие не поверувале. Па откако им го опишал настанот прифатиле дека тој е спасителот.
Но поради скормност тој одбива да се идентификува и да биде познат за велешката јавност.
Tweet |