Петар Печков
Објавено: недела, 15 јануари 2012
Националното жири за избор на автомобил на годината во Македонија, составено од специјализирани автомобилски новинари, ги претстави финалистите кои ќе се натпреваруваат за 17-та по ред титула.
Жирито во состав Томислав Биљарац, Љупчо Михајловски, Горан Антевски, Владимир Ристовиќ, Зоран Коцев и Агрон Сулејман, следејќи ги процедурите и критериумите предвидени со правилникот за работа на жирито, од сите нови автомобили кои беа понудени на македонскиот пазар во текот на годината, ги избра следниве финалисти:
- Citroen C4
- Audi Q3
- Mercedes B класа
- Hyundai Elantra
- Kia Rio
- Chevrolet Aveo
- SsangYong Korando
- Toyota Yaris
- Suzuki Swift
Во понатамошните фази на изборот, жирито ќе ги оценува финалистите според следниве критериуми:
- адекватност и понуда на домашниот пазар
- економичност и еколошка прифатливост
- безбедност и примена на технолошки достигнувања
- возни својства
- дизајн и
- комфор и опременост
Кој од финалистите ќе освои најмногу гласови од членовите на жирито, а со тоа ќе стане и носител на престижната титула „Автомобил на 2012 година во Македонија", ќе биде познато во првата половина од идниот месец.
Досегашни освојувачи на титулата „Aвтомобил на година“ во Македонија
- Fiat Bravo/Brava (1996)
- Renault Megane (1997)
- Opel Astra (1998)
- Škoda Octavia (1999)
- Fiat Punto (2000)
- Seat Leon (2001)
- Toyota Corolla (2002)
- Mazda6 (2003)
- Mazda3 (2004)
- Seat Altea (2005)
- Volkswagen Passat (2006)
- Opel Corsa (2007)
- Kia Cee'd (2008)
- Volkswagen Golf (2009)
- Opel Astra (2010)
- Hyundai ix35 (2011)
Tweet |