Петар Печков
Објавено: сабота, 13 септември 2014
Во дворот на улица Белградска дваесет и некој се наоѓа коњ, создаден од старо железо. Тој е вистинска уметност, создаден од рацете на двајца сограѓани Димитар Пановски Глигор Митевски. Коњот е во дворот на семејството Пановски.
Коњот е од рециклиран материјал, старо железо од кај Дине. Го работев заедно со колега, пријател,другар Глигор Митевски. Работевме еден месец. Ова беше моја идеја и замисла. Го работевме еден месец. Ова е сефте вакво нешто да сработиме. Ми претставуваше предизвик да создадам нешто. Уметниците од Велес кои дојдоа да го видат рекоа дека сме ги погодиле пропорциите и дека коњот е најтешко дело за создавање. Се помачивме, ама задоволство е кога ќе се види дека трудот се исплатил – објаснува Димитар кој по занимање е молер и додава дека молерајот со уметноста има допирни точки.
Тој има создаден и мал атомиум, како тој во Брисел но во значително помали димензии. И најавува дека наскоро ќе започне да работи друго дело.
Tweet |