Петар Печков
Објавено: петок, 28 јули 2017
И вечерва, како многу години наназад, Велес беше дел од Илинденскиот марш на коњаниците од скопско Горно Лисиче. 24 коњаника застанаа пред споменикот на Илинденците, положија цвеќе и продолжија на пат кон Крушево. Вечерва тие ќе преноќат во Градскиот парк и утре продолжуваат до Прилеп, по стариот пат.
„Илинденскиот марш 2017“, по 39-ти пат, го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, ќе учествуваат коњаници од 18 до 65 години, меѓу кои и една девојка.
На платото во центарот на градот, во чест на гостите, КУД Керамичар, изведе пригодна програма на сплет македонски песни и ора.
Tweet |