речник контакт

Кравите и натаму дел од секојдневието на жителите на населба Керамидна

Oд локалната власт објаснуваат дека ги превземаат сите законски можни решенија да се отстрани дивата фарма, но предметот е заведен во повисоките судски инстанци

Петар Печков

И по бројните  реакции на жителите во населба Керамидна, таму сеуште  постои штала за крави. Соседите реагираат бидејќи тоа е  урбанизираниот дел на Велес  а фармата  се наоѓа на улица Мите Богоевски 24 и постои повеќе од петнаесет  години. Исто толку време и соседите и жителите на овој дел од градот посочуваат, апелираат до надлежните дека во град не може да се чува стока, да постои штала, но решение  нема. Кравите, околу 30-тина, се секојдневие на повеќе илјади велешани бидејќи кога одат на паша, шетаат  освен во населба Керамидна и во  населба Тунел.

Соседот , сопственикот ни вети пред десет години, дека штом населбата ќе се урбанизира, тој самиот ќе ја затвори шталата и ќе ги однесе говедата. Но ни по толку години ништо од ветеното. Сме биле на повеќе места,, многу е јасно дека во град не може да се чува стока, животни, но правно решение нема – велат жителите од соседството.

 Тие реагираат и на миризбата која се шири од говедата. Посебно ова летно време кога, поголем дел од денот, соседите се надвор, во нивните дворови, но не можат таму и долго да останат. За нив е несфатливо и како може ЈКП Дервен да го приклучи овој објект на водоводната и канализационата мрежа, кога истиот не е стопански субјект и плаќа вода  и одвод по цена за домаќинство.

Ги научивме  и говедата  како се викаат, Цвета, Бошко,  Мирка,Шарка Белка, има и Милка. Како нема да ги знаеме, кога соседот кога ги шета ги именува и вика по нив. А тоа се случува секој ден со години. Така и ние ги знаеме нивните имиња. Единствената добра работа е што децата и внуците знаат во живо како изгледаат кравите и кој дава млеко – велат соседите. Звукот на ѕвонците ечи и до зградите во населба Тунел. За проблемот спас побарале од локалната власт.  Од таму  објаснуваат дека тие ги превземаат сите законски можни решенија да се отстрани дивата фарма, но предметот е заведен во повисоките судски инстанци.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »