Петар Печков
Објавено: среда, 04 мај 2011
СВР Велес го осомничи М.Т. (56) од Велес, дека во периодот од јануари до април годинава осомничениот во пет наврата извршил кражби од ЈП Македонски железници кога одземал бакарно носечко јаже, акумулаторски батерии, бакарен контактен проводник, сигнални бакарни кабли и нафта од возило дресина.
Дел од откраднатите предмети ги продал во отпади а дел на непознати лица. Со кражбите осомничениот и нанел на ЈП Македонски железници материјална штета од околу 250 илјади денари.
Во истиот период М.Т. украл еден акумулатор од патнички автомобил како и 30 компресори од половни фрижидери сместени во гаража во Велес, од кои го вадел бакарот и го продавал. Дел од откраднатите предмети се пронајдени во неговиот дом и вратени на оштетените. На осомничениот претходно му се изрекувани условни затворски казни за кривични дела против имотот, против животот и телото и против животната средина.
Tweet |