Петар Печков
Објавено: понеделник, 12 април 2010
Малолетниците А.Б. и А.Љ. и двајцата по 15 години, во вечерните часови на 15-ти март со помош на секира и нож ја исекле инсталацијата во близина на Костурницата, со која таа се осветлува, го извадиле бакарниот кабел и незабележани од никого го сокриле во просторија - шупа сопственост на родителите едниот од нив.
Следниот ден повторно незабележани од никого пријавените го продале бакарниот кабел во еден од откупните центри во Велес за цена од 1080денари, кои пари си ги поделиле меѓу себе, иако штетата што ја предизвикале изнесува 25 илјади денари.
Поради основано сомнение дека заедно малолетниците сториле едно кривично дело против нив се поднесени две пријави за ,,Уништување или оштетување јавни инсталации,, и едно за ,,Тешка кражба,, . Пријавените малолетници и порано се пријавувани за кривични дела против имотот.
Tweet |