Петар Печков
Објавено: среда, 23 февруари 2011
Четворица велешани полицијата ги осомничи дека краделе плочи од Спомен костурницата и ги препродавале во откупен центар, при што организаторот на оваа банда бил во бегство од затвор, каде издржувал казна за кражба. Против И.Б. (30) , С.Д. (29) , Ѓ.З. (26) и сите од Велес, се поднесени две кривични дела за кражба, а против Д.Х. (86) дека сторил кривично дело прикривање.
Првата кражба тројцата прво осомничени ја сториле ноќта на 1-ви февруари годинава, кога со копач насила извадиле една месингана плоча со лик на борец и бројки а ја продале за 3 илјади денари. За седум дена подоцна во ноќните часови украле 13 плочи исто од Спомен Костурницата, кои потоа ги истругале од површината за да полесно се продадат и тоа повторно на Д.Х. за шест илјади денари.
При продажба на дел од плочите во еден од отпадите лоцирани во Велес, лицата се затекнати од страна на инспектори од СВР Велес. Во текот на полициската истрага плочите се пронајдени кај Д.Х. и одземени, иако истите ги имал закопано во земја со цел да ги сокрие и вратени се на Народен музеј Велес. Со извршените кривични дела оваа банда му нанела материјална штета на Народен музеј Велес во висина од 730 000 денари.
И.Б. и С.Д. за кривични дела против имотот им се изрекувани затворски казни. И.Б. за време на извршување на наведените кривични дела бил во бегство од КПУ Идризово каде издржува казна затвор.
Tweet |