Петар Печков
Објавено: среда, 14 септември 2022
Крадец украл автомобил, полицијата за кратко време го открила. Настанот се случил пред работилница на улица „Илинденска“ во центарот на Велес.
„На 13 септември во 15.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Н.П.(22 год) од Велес. Тој се сомничи дека помеѓу 13.45 и 14.45 часот од работилница на ул.„Илинденска“ во Велес одзел патничко возило „југо“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на Б.П.(57 год) од Велес. Возилото било пронајдено и вратено на сопственикот“ - информира Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следи соодветен поднесок.
Tweet |