речник контакт

Крадец се обидел да украде лекарства од Болница

Крадец упаднал во Инфективното одделение при Велешката болница, но наместо бараните лекарства, предизвикал страв кај пациентите. Настанот се случил во еден часот по полноќ, кога непознат сторител, најверојатно нарко зависник кој барал опијати, преку балконската врата од првиот кат влегол во инфективното одделение.

Петар Печков

Крадец  упаднал во Инфективното одделение при Велешката болница, но наместо бараните лекарства, предизвикал страв кај пациентите. Настанот се случил во еден часот по полноќ, кога непознат сторител, најверојатно нарко зависник кој барал опијати, преку балконската врата од првиот кат влегол во инфективното одделение. Тој ги преплашил жената која со нејзиното дете спиеле во болничката соба и потрчал до докторската соба, каде насиолно го отворил шкафот со лекови и набрзина ја украл терапијата што му била на дофат.

Потоа се качил на вториот кат но тогаш бил веќе регистриран и од дежурниот лекарски персонал како и од пациентите, кој почнале да го бркаат по ходникот, но крадецот вешто им се искраднал и повторно преку тераса и скок од неколку метри височина избегал во блиската шума. Според портпаролот на Општата Болница во Велес д-р Весна Чадиева украдени се лекарства во вредност од 300 денари, но не и такви какви што барал крадецот, кој се чувале во специјален орман. СВР Велес е известена за случајот и го бара сторителот. Пред половина година во велешката Болница, две пациентки од Нервното одделение украдоа уметнички слики на познати македонски автори. Тие за ова нивно дело добија условна казна затвор, една  доколку сторат слично дело во наредните  три години.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »