Петар Печков
Објавено: петок, 16 јули 2010
Прилепчанецот Љ.М. ( 57 год) бил откриен од двајца полицајци позорникари додека пребарувал пари во канцеларијата на ,,Националната групација за осигурување – Осигурителна полиса,, во центарот на градот. Тој со сила и специјален алат насилно ја отворил вратата и ги пребарувал полиците за да најде пари, кога бил откриен од полицијата и бил фатен.
При полициската истрага било утврдено дека истото лице ден претходно насилно влегло во станот на Е. С. Од Велес при што украл златен накит , обетки, прстени, ланче, приврзок во вредност од 40 илјади денари. За овие две дела тој заработи две кривични пријави за тешка кражба.
Tweet |