Петар Печков
Објавено: понеделник, 13 февруари 2023
Лицето М.З. од Велес, ќе седне на обвинителна клупа, заради серија на тешки кражби. ОЈО Од Велес поднело Обвинителен предлог против него, за повеќе продолжени кривични дела – Тешка кражба од член 236 од Кривичниот законик. Делата за кои ќе му се суди во Основен суд Велес, се реализирани во периодот од 11.10-16.10.2022 година.
„Во тој период, искористувајќи слични околности и невнимание на оштетените лица, на дрзок начин, обвинетиот одзел подвижни предмети од вкупно 17 оштетени. Од продавници, обложувалници, аптеки, угостителски и други објекти тој крадел вредни предмети, пари и производи, со што за себе прибавил противправна имотна корист проценета на вкупен износ од 45.337 денари“- соопштија од ОЈО Велес.
Надлежното обвинителство до Основниот суд во Велес доставил и посебен предлог за определување мерка притвор за обвинетото лице, со цел да се обезбеди неговото присуство во текот на кривичната постапка.
Tweet |