речник контакт

Крадци на рогови на носорози

Европа моментално ја потресува серија многу невообичаени кражби во музеите. Крадците не се заинтересирани за злато или други вредни експонати, туку крадат глави и рогови на носорози за кои на пазарот добиваат огромни суми на пари

Петар Печков

Европа моментално ја потресува серија многу невообичаени кражби во музеите. Крадците не се заинтересирани за злато или други вредни експонати, туку крадат глави и рогови на носорози за кои на пазарот добиваат огромни суми на пари.

Во Брисел е украдена глава од носорот стара околу 200 години, а изнесена е преку прозор на тоалет. Позадината на сите кражби не е интересот за животното како такво, туку за самиот рог. Имено, во Азија правта од рог на носорот е повредна од чисто злато. жЕвропол за кусо време регистрираше 20 кражби на глави на носорози, пренесе германското државно радио „Дојче веле“.

Во почетокот на неделата португалската полиција откри двајца мажи кои се вмешани во кражба на глава на носорот од природонаучниот музеј во Коимбра, пронаоѓајќи кај нив шест рогови од носорози, вредни 400.000 евра.

Кон крајот на август крадците во ротердамскиот музеј исекле рог кој се наоѓал на глава која била од пластика, додека од бриселскиот музеј кон средината на август исчезна глава од црн носорог од 1827 година.

Експертите на мрежата за организиран криминал при Европол сметаат дека за кражбите на глави и рогови на носорози се крие ирска „банда“. Во прилог на тоа оди и фактот, дека двајцата уапсени мажи биле на пат за Даблин.

На мета на крадците не се само музеите, туку и зоолошките градини, аукциските куќи, трговци со скапоцености и антиквитети како и сопственици на приватни колекции.

Во последните 18 месеци вести за кражби на рогови на носорози стигнуваа од Португалија, Франција, Чешка, Шведска, Велика Британија и  Италија. Не била поштедена ни Германија. Жртви биле природонаучниот музеј во Бамберг и зоолошкиот музеј на универзитетот во Хамбург. Скотланд јард забележа дури 20 кражби во рок од шест месеци.

Илегалната трговија со рогови е многу профитабилна работа. Во Азија за еден рог се добива и до 200.000 евра, па тој е повреден од кокаин или злато. Рогот смелен во прав, се користи во традиционалната кинеска медицина за речиси сите болести, од зголемена температура до рак. Освен тоа, правта е омилена и како средство за зголемување на потенцијата.

„Ловот“ на роговите се прошири и на Африка. Само оваа година, според наводите на лондонската организација за заштита на животните „Саве тхе Рхино Интернатионал“, само во Јужна Африка се убиени 200 носорози, додека во 2010 година биле убиени 333. За споредба, во 2007 година биле убиени само 13 носорози.

текстот е преземен од Дојче веле

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »