Петар Печков
Објавено: понеделник, 28 октомври 2013
Две невообичаени кражни се случија измиантиот период во градот, информираа од СВР Велес.
На 4-ти октомври од пред кафе бар Ројал, на Улица Благој Ѓорев, во два часот по полноќ е украден плазма телевизор. Чудно е што телевизорот бил поставен пред кафичот а кражбата се случила откако во кафе барот имало забава, и голем број гости. Телевизорот бил поставен на метална конструкција. Но и покрај фрекфентноста на улицата и местоположбата на кафе барот, крадците око ме им трепнало го однеле ТВ. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот(и).
Во втор случај во куќа на улица Димко Најдов додека домаќините не биле дома од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба . Сторителот успеал да велзе преку прозор и одзел вкупни 120 илјади денари, што во пари, што во златен и сребрен накит. По презементи мерки од страна на велешката полиција неколку дена подоцна пронајден е крадецот. Тоа е Р.Ц. ( 18 год) кај кого се пронајдени и парите и накитот. Патем крадецот е сосед на ограбените. Против него велешката полиција ќе поднесе соодветна кривична пријава
Tweet |